Економија

Групацијата на спортски обложувалници бара средба со надлежните за измените на Законот за игри на среќа

Оддалеченоста од 500 метри, меѓу спортските обложувалници и училиштата, но и од другите високо- образовни институции, што е дел од pредлог- измените на Законот за игри на среќа, според анализите на Групацијата на спортски обложувалници, ќе предизвика затворање на 98% од нивните уплатно – исплатни места. Гаснењето на оваа индустриска гранка со забрани, не е во духот на европското законодавство, а постоечкиот Закон за игри на среќа предвидува забрана за присуство на малолетниците, потсетија од Групацијата. Според нив, оддалечувањето на обложувалниците нема ефект врз навиките на луѓето, што е потврдено во повеќе студии, рекоа од таму.

Густината на населението во нашите поголеми градови е таква што близината на училиштата меѓу себе не остава простор за да има ни еден објект за игри на среќа. Ова е особено изразено во малите градови , кои се состојат од една главна и неколку споредни улици. Дополнително, далечината на објектите нема врска со навиките на луѓето, смета Васко Илијевски, претседател на Грпацијата на спортски обложувалници.

Законските измени ќе предизвикаат цветање на сивата економија и губење  на работата на 8.000 вработени во индустријата на игри на среќа. Негативни ефекти ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места кои се индиректно поврзани со нив. Според Групацијата , во Македонија се плаќаат највисоки даноци во оваа дејност, во споредба со европските земји. А, најавите за дополнително зголемување на даноците се нелогични и на штета на државата.

Ако ставиме клуч на нашите објекти , државата ќе ги загуби сите сретства , со кои индустријата на игри на среќа придонесува во државниот буџет , односно повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работење. Зошто се покажуваат даноците, ако практично планот е да се затворат објектите?, вели Илијевски

Од Групацијата побараа стопирање на донесувањето на измените на Законот за игри на среќа и средба со надлежните, за да ги кажат нивните предлози. А, од Министерството за финансии со одговор дека најавата за измените и дополнувањата на законот е веќе ставена на ЕНЕР, по што ќе следи и објавата на текстот на предлог измените и дополнувањата на законот. Ќе има отворена дебата и консултации со сите заинтересирани страни во врска со предлог решенијата, додаваат од ресорот Финансии.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе