Оддалеченоста од 500 метри, меѓу спортските обложувалници и училиштата, но и од другите високо- образовни институции, што е дел од pредлог- измените на Законот за игри на среќа, според анализите на Групацијата на спортски обложувалници, ќе предизвика затворање на 98% од нивните уплатно – исплатни места. Гаснењето на оваа индустриска гранка со забрани, не е во духот на европското законодавство, а постоечкиот Закон за игри на среќа предвидува забрана за присуство на малолетниците, потсетија од Групацијата. Според нив, оддалечувањето на обложувалниците нема ефект врз навиките на луѓето, што е потврдено во повеќе студии, рекоа од таму.
Густината на населението во нашите поголеми градови е таква што близината на училиштата меѓу себе не остава простор за да има ни еден објект за игри на среќа. Ова е особено изразено во малите градови , кои се состојат од една главна и неколку споредни улици. Дополнително, далечината на објектите нема врска со навиките на луѓето, смета Васко Илијевски, претседател на Грпацијата на спортски обложувалници.
Законските измени ќе предизвикаат цветање на сивата економија и губење на работата на 8.000 вработени во индустријата на игри на среќа. Негативни ефекти ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места кои се индиректно поврзани со нив. Според Групацијата , во Македонија се плаќаат највисоки даноци во оваа дејност, во споредба со европските земји. А, најавите за дополнително зголемување на даноците се нелогични и на штета на државата.
Ако ставиме клуч на нашите објекти , државата ќе ги загуби сите сретства , со кои индустријата на игри на среќа придонесува во државниот буџет , односно повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работење. Зошто се покажуваат даноците, ако практично планот е да се затворат објектите?, вели Илијевски
Од Групацијата побараа стопирање на донесувањето на измените на Законот за игри на среќа и средба со надлежните, за да ги кажат нивните предлози. А, од Министерството за финансии со одговор дека најавата за измените и дополнувањата на законот е веќе ставена на ЕНЕР, по што ќе следи и објавата на текстот на предлог измените и дополнувањата на законот. Ќе има отворена дебата и консултации со сите заинтересирани страни во врска со предлог решенијата, додаваат од ресорот Финансии.
Сотир Трајков