Вести Свет

Фајзер го повлече барањето за употреба на својата вакцина во Индија

Компанијата Фајзер го повлече барањето за итна употреба на својата вакцина против Ковид-19 во Индија.

Компанијата соопшти дека присуствувала на состанок на експерти на индискиот регулатор на 3 февруари. Врз основа на дискусијата на тој состанок и „нашето разбирање за секакви дополнителни информации што можеби му се потребни на регулаторот, компанијата одлучи овојпат да ја повлече својата апликација“, се вели во соопштението.

Во декември, компанијата прва се обрати до индискиот регулатор за вакцината развиена од германски Бионтек.

Потоа следеа барања за две други вакцини – верзијата на АстраЗенека направена од Институтот серум во Индија и друга од индиската компанија Bharat Biotech – која на крајот доби одобрение за итна употреба на 3 јануари.

Сепак, индиското Министерство за здравство соопшти дека „Фајзер“ не се презентирал довоно пред експертите кои мора да ја одобрат вакцината пред регулаторот за да даде зелено светло за употреба во Индија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе