Вести Свет

Од Конгресот отстранета Републиканката Грин заради поддршка на теориите на заговор

Претставничкиот дом на САД одлучи да ја отстрани републиканската конгресменка, Марџори Тејлор Грин, која ги поддржува теоретичарите на заговор, од неколку комисии, по серија контроверзни јавни изјави.

Претставничкиот дом гласаше за исклучување на Грин од Комитетот за образование и труд, како и од Комитетот за буџет. Вкупно 219 демократи и 11 републиканци гласаа „за“, а 199 републиканци беа „против“.

Ова е невообичаен чекор затоа што е вообичаено пратеничките групи да го регулираат составот на комисиите. Лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, одби да ја отстрани Грин.

Тој во средата издаде изјава во која ги осудува нејзините претходни изјави, но даде до знаење дека партијата нема да ја санкционира.

Како пратеник од Џорџија, Грин го поттикнуваше насилството врз демократите, вклучувајќи и кон спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси;  „лажна тревога“ го нарече масовното пукање во средно училиште во Паркленд, Флорида, и ги поддржа неоснованите теории на заговор на QAnon.

Грин се обиде да ја ублажи штетата пред гласањето во својот говор во Претставничкиот дом  кога изрази жалење за некои нејзини претходни изјави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе