Македонија

ВМРО – ДПМНЕ со интерпелации за министрите Маричиќ и Николовски

ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелации за работата на министрите Маричиќ и Николовски. Иницијативата доаѓа по извештајот на Транспаренси интернешнал во кој Македонија се најде на   111 место  на листата за перцепција на корупцијатата .СДСМ смета дека ова ќе бид еуште еден пропаднат блеф на опозициската партија.

ВМРО ДПМНЕ очекува за интерпелациите да се дискутира во наредните 15 дена.Ова е продолжение на нивниот план  за уривање на власта и создавање ново парламентарно мнозинство.Лошите оценки за корупција и пасивниот однос на институциите се причина, најголемата опозициска партија да бара одговорност од министрите за правда Бојан Маричиќ и за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Власта смета дека ВМРО ДПМНЕ не с еоднесува одговорно во Собранието а ова ќе бидат уште две пропаднати интерпелации.

Вицепремиерот за европски прашања  Димитров вчера ја ,,преживеа,, интерпелацијата и ја доби подршката од владејачкото мнозинство да остане на функцијата и во наредниот период.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе