Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Согласно соопштението за KОВИД-19 кое вчера 03.02.2021 година беше испратено од ваша страна до медиумите, а поврзано со дневните бројки на заболени и оздравени, би сакале да го изразиме нашето огромно незадоволство во поглед на начинот на презентирање на бројките.
Имено, надвор од секаков контекст во дневниот извештај 6еа цитирани статистики кои се однесуваат на вкупните месечни бројни на починати и тоа исклучиво од Клиничката болница Жан Митрев, без притоа да бидат споменати или наведени месечните бројки на останатите институции, како државни, така и приватни.
Истото ова соопштение беше преземено и објавено во реичиси сите медиуми.
Би сакале да истакнеме дека ваквиот начин на презентирање на статистики кои не споредуваат еднакви величини, сериозно ја доведува во прашање објективноста и непристрасноста на вашата институција, а при тоа нам како единствено цитирана болница ни нанесува огромна штета од аспект на реномето.
Во случајов, искористена е нашата транспарентност, деталното и ревносно известување до ИЈЗ за
комплетно погрешни цели.
Ова, во најмала рака остава негативен впечаток кај сите читатели и ја искривува реалната слика, наведувајќи ги читателите на заклучок дека само во нашата институција умираат огромен број на луге, без при тоа да бидат споменати бројките на останатите институции кои хоспитализираат болни од коронавирусот.
За жал реалноста е комплетно различна. Бројките од анализата на смртни случаеви покажува нешто сосема друго.
Согласно податоците кои се јавно достапни во Институтот за јавно здравје резултатите се следни:
Од вкупниот број на сите починати во јануари кој изнесува 328, поточно во наведениот период од 4 до 31 јануари изнесува 286, во Жан Митрев се 14. Пресметано во проценти тоа изнесува 4,9%. Ако земеме предвид дека од почетокот на пандемијата бројката на вкупно починати е 2893, процентот на вкупно починати во нашата институција е 5%.
Клиниката Жан Митрев како институција од самиот почеток на пандемијата секојдневно се бори за животите на најтешките пациенти, па дури и оние од кои сите останати се откажале. Уште од самиот почеток на пандемијата ги ставивме на располагање нашите капацитети за интензивно лекување, а нашите методи на третирање на најтешките облици на болеста се публикувани, цитирани и признати во светски рамки.
Потрагата по сензационални вести и бројки т.е сензационалистичкиот начин на соопштување бројки надвор од контекст не е прв пат, но се надеваме дека е последен.
Очекуваме комуникацијата и соработката како со Министрерството за здравство, така и со Институтот за јавно здравје да продолжи со несмален интензитет.
Затоа би ве замолиле транспарентно да ги споредите бројките на сите институции и истите да ги испратите до медиумите со извинување за настанатата ситуација.