Македонија

УНИБанка донираше 50 нови компјутери на Математичко-Информатичката Гимназија во Скопје

УНИБанка АД Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука, овозможи донација за учениците од државната Математичко-Информатичката Гимназија во Скопје. Донираната опрема е набавена со конфигурации согласно потребите на наставната програма за кои има 50 персонални компјутери и 50 монитори од марката DELL.

Математичко-Информатичката Гимназија Скопје, е ново државно средно училиште основано во учебната 2020/2021 година, наменето само за остварување на наставни планови и програми за образование на одредени категории на ученици, за кои државата има посебен интерес. Во моментов наставата ја посетуваат 34 талентирани деца. Донираната опрема е од највисока класа и ќе биде искористена во т.н. „Лабораторија” за стекнување на знаења и вештини во областа на математика, информатика и физика.

Донацијата на Банката им дава на учениците можност да учат и растат и да стекнат практично искуство со најсовремена опрема што претставува „бран на иднината“ во технологијата, изјави Извршниот директор на УНИБанка, Владислав Хаџидинев.

Со оваа иницијатива, УНИБанка допринесува за успешен развој на информатичкото образование во Северна Македонија – аспект кој во време на пандемија придоби големо значење. И покрај овие услови, УНИБанка уште еднаш докажа дека е една од активните социјално одговорни компании во државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе