ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелации за работата на министрите Маричиќ и Николовски. Иницијативата доаѓа по извештајот на Транспаренси интернешнал во кој Македонија се најде на 111 место на листата за перцепција на корупцијатата .СДСМ смета дека ова ќе бид еуште еден пропаднат блеф на опозициската партија.
ВМРО ДПМНЕ очекува за интерпелациите да се дискутира во наредните 15 дена.Ова е продолжение на нивниот план за уривање на власта и создавање ново парламентарно мнозинство.Лошите оценки за корупција и пасивниот однос на институциите се причина, најголемата опозициска партија да бара одговорност од министрите за правда Бојан Маричиќ и за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
Власта смета дека ВМРО ДПМНЕ не с еоднесува одговорно во Собранието а ова ќе бидат уште две пропаднати интерпелации.
Вицепремиерот за европски прашања Димитров вчера ја ,,преживеа,, интерпелацијата и ја доби подршката од владејачкото мнозинство да остане на функцијата и во наредниот период.
Јулијана Пешевска