Македонија

Не сме виновни, ослободете не! Обвинетите во „Монструм“ во завршни зборови

Пет часа, шестмина адвокати, завршни зборови распослани на стотина страници. Одбраната го искористи последното оружје за да го убеди судот дека петмината обвинети не стојат зад масакрот кај Смилковското езеро, а тие самите побараа да бидат ослободени.

Обвинителството за две години понуди сведоци, вештаци, материјални докази, заедно вештачеа со одбраната, а судот слушаше внимателно за денеска, одново, адвокатите судксиот процес во своите опширни завршни заборови да го наречат монтиран случај.

Судницата преполна, камерите на медиумите вклучени, а семејствата на жртвите не дојдоа да ги чујат завршните зборови на одбраната. Во нивно име осудителна пресуда побараа адвокатите. Одбраната не понудила нови докази.

Со часови судот го чуваа стотина полицајци со кордони и оклопни возила. Протести немаше. Судечкиот совет на 23 февруари ќе соопшти кој е виновен, а кој не, откако обвинителката Фатиме Фетаи допрецизирајќи го обвинението во завршните зборови на минатото рочиште побара доживотен затвор за Аги и Африм Исмаиловиќ и Алил Демири за кривично дело тероризам, и долгогодишен затвор за Фејзи и Хаки Азири за помогање, додека, пак, одлучи да не го гони Сами Љута. „Монструм“ по 8 години привршува по втор пат отккако врховиот суд предметот го врати на одново судење.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе