Ковид19 Свет

И руската вакцина може да добие одобрениe

Бројот на вакцинирани против Ковид-19 во светот го надмина бројот на заразени, објави руската агенција ТАСС. Во светот се вакцинирани најмалку 105,1 милион лица, додека вкупно заразени од коронавирус се околу 103,9 милиони луѓе. Најголем број вакцинирани се во САД (33,7 милиони), потоа следуваат Велика Британија (10,2 милиона) и Израел (5,05 милиони).

Германската канцеларка Меркел изјави дека до крајот на есента сите Германци ќе добијат шанса да примат една доза вакцина. До сега од Европската агенција за лекови одобрени добија вакцини од производителите Фајзер Бионтек, Астра Зенека и Модерна. Но, Меркел не ја исклучува можноста одобрение да добие и руската вакцина, за што веќе разговарала со Путин..

Францускиот претседател Макрон ветува вакцина за „сите Французи кои го сакаат тоа“ до „крајот на летото“, како и снабдување на сиромашните земји. Тој посети четири француски компании кои наскоро ќе започнат со производството на вакцини. А по информацијата за 92% ефикасност на руската вакцина Спутник, Макрон рече дека дистрибуцијата може да започне откако рускиот производител ќе побара одобрение од француските власти.

Но, ние не можеме да ги дистрибуираме во Франција, додека рускиот произведувач не поднесе барање за одобрување за ставање во промет. Тоа е нормално, тоа е прашање на санитарна одговорност, изјави Макрон.

Според научните анализи во Британија една доза на вакцината на Оксфорд /АстраЗенека обезбедува заштита од коронавирусот најмалку три месеци. Данските власти веќе работата со бизнис секторот за дигитален пасош што ја докажува вакцинацијата.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе