Вести Свет

Франција почнува со производство на вакцини против Ковид-19

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди синоќа дека четири француски компании ќе бидат вклучени во производството на вакцини во следните недели. Во изјава за  ТФ1 тој нагласи дека кампањата за имунизација е со забавено темпо поради производството на вакцините.

– Она што денес не ограничува е пристапот до дози, изјави Макрон додавајќи дека некои од тие дози „требало да бидат доставени на одреден датум“, но „од нашите добавувачи беа одложени“.

– Нашето ограничување не е интелектуалната сопственост на вакцините, туку можност да ги произведуваме во големи количини. Треба да размислиме и за земјите во развој, изјави Макрон и според него, важно е да се организира производство на тие нови вакцини и да се дозволи глобално производство за најсиромашните земји.

Компанијата Делфарм има намера да ја произведе вакцината на Фајзер/БиоНТехfizer / BioNTech  за „неколку десетици милиони дози“.

„Ресифарм“ веќе планира да продолжи со полнење и пакување на дози на вакцини на „Модерна“, иако се уште не е познато колку.

Компанијата „Фарева“ ќе биде вклучена во производството на вакцината што се уште не е одобрена од германскиот CureVac на нејзините два објекта.

„Санофи“ минатата недела ја објави својата намера да го произведува производот на Фајзер/БиоНТех поради доцнење во производството на сопствената вакцина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе