Врање, не е само најблиска туристичка дестинација за граѓаните од северниот дел на Македонија, туку полека сатнува пункт за вакцинација. Досега околу 70-тина граѓани кои имаат двојно државјанство успеале да се вакцинираат во овој град, објави РТС. Уште десетина други државјани примиле вакцина во пограничните здравствени домови во Србија. Екипата на РТС на вакциналниот пункт направи анкета од македоснки граѓани, а меѓу вакцинираните имаше и здравствени работници.
-Во Скопје не можев, затоа што нема вакцини во Македонија. Решив бидејќи имам двојно државјанство, и на Македонија и на Србија. Поднесов барање до е-управа за примање на вакцина. Ми одговорија, ме известија за датум за вакцинација, изјави за РТС македонскиот државјанин Зоран Симоновски.
-Јас сум здравствен работник, работам во лабораторија. Не знаеме кога ќе се вакцинираме и поради тоа решивме да примиме вакцина тука во Врање, изјави жителка на Скопје.
Бидејќи во Србија сега се употребува кинеската вакцина, Македонците кои се вакцинираат овие денови ја добиваат оваа вакцина. Прво мора да се пријават преку електронскиот систем, и да потврдат дека имаат двојно државјанство.
-Она што е потребно за странски државјани е да имаат уредна пријава преку интернет порталот на е-управа, како и протоколот кој важи за сите граѓани на Србија. Доколку станува збор за странски државјани, мора да имаат потребна документација, лична карта или пасош, изјави Јадранка Ајановиќ, директорката на Здравствениот дом во Врање.
Покрај тоа сите македонски државјани кои имаат живеалиште во Србија со пријавена адреса, може да се пријават за вакцинирање. Србија инаку во Европа е втора, веднаш зад Британија со најголем процент на покриено население со вакцинација, а покрај на Фајзер ги користи и руската и кинеската вакцина.
Миомир Серафиновиќ