Економија

Се уште се разговара за петтиот пакет, ништо не е прецизирано, велат од Стопанска комора

Се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки, велат од Стопанската комора на Македонија.

Штом ќе се договори нешто конкретно, велат од Комората, јавноста ќе биде информирана.

Засега се уште не се дефинирани конкретни мерки. Во тек се разговорите со засегнатите страни. Штом биде договорено нешто конкретно, ние ќе соопштиме. Засега нема ништо што би можеле да кажеме, не сакаме да се создаде конфузија и забуна за некоја активност што не е прецизирана, истакна денеска Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора, одговорајќи на новинарско прашање.

Претходно, на прес-конференцијата во Комората, претставниците од Групацијата за производство на месо и преработки од месо побараа да се вратат ваучерите „Купувај домашно“ и предупредија дека четвртиот и петтиот пакет мерки нема да го дадат посакуваниот ефект зашто не се правилно насочени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе