Вести Македонија

Најмалку 11 инспектори недостасуваат на терен – проблемот ќе се решава со кадри од општините

ДИЖС месечно во просек добива по 25 пријави од граѓани за различни видови загадување. Во ноември  минатата година пристигнале 40, а во декември 60 пријави. Но, од Инспекторатот се жалат дека им недостасуваат инспектори, како за Скопје, така и за останатите региони и се надеваат дека ќе се доекипираат годинава.

Ако не ги бројам оние инспектори кои се на неплатено или кои се на боледување, во овој момент имам 15 инспектори на терен. Неопходни се уште минимум 11, за да го покриеме Скопје и регионите, каде што немам доволен број инспектори, вели Ана Петровска- в.д. директорка на ДИЖС

Во меѓувреме , проблемот со кадар, ДИЖС ќе го решава преку соработка со инспекторите за животна средина од општините и со други надлежни инспекторати, со цел ни  една пријава од граѓаните да не биде одбиена, вели Петровска. Таа денеска ја промовира онлајн платформата , на која граѓаните можат да пријавуваат загадување.

Граѓаните треба да ни дадат доволно инструкции : Прво, да ни ја презентираат локацијата, да го опишат загадувањето и да испратат податоци за пријавителот. Бидејќи ние треба на пријавителот , на крајот , или некаде каде што е интересно за пријавителот да добиеме информации, да му кажеме дали сме нашле загадување, во која фаза е постапката и дали евентуално ќе има санкции против сторителот.

По пријавата од граѓаните се прави налог за вонреден инспекциски надзор и инспекторот излегува на терен. Граѓаните може да пријавуваат загадување на ФБ страницата на ДИ, на неговата веб страница, на посебна меил адреса и на мапата на загадувачи.   Платформата  на македонски и албански јазик, е направена во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата „ Разбистри сѐ “.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе