Создадени се законски основи за издавање на одобрение за ставање во промет на вакцините против Ковид 19 кога подносителот на барањето нема седиште на територијата на државата.
Пратениците и од власта и од опозицијата дадоа зелено светло за измените на законот за лекови. Измените се направени на барање на компанијата ,, Фајзер,, кои инсистираа апликант за регистрација да биде нивно преставништво кое е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа. Опозицијата упати критики кон власта дека се доцни со вакцинација и не се справува доволно со Ковид пандемијата.
Во нашата земја во февруари треба да пристигнат 5 800 вакцини на компанијата Фајзер,до крајот на годината 800 000. Се очекуваат и 200 000 вакцини од Кина и 833 000 дози обезбедени преку Ковакс системот.
Јулијана Пешевска