Македонија

Анкета: Еден од двајца Грци сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока

Половина од анкетираните Грци, односно 51 отсто, сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока, а 36,8 проценти во правилна насока, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „About people“ за грчкиот информативен портал „Њуз247“.

Во анкетата посветена на надворешната политика на Грција, со акцентот ставен на односите со Турција, од испитаниците било побарано да го изразат нивниот став и за Договорот од Преспа, односно дали тој бил во правилна или погрешна насока, две години по ратификацијата во грчкиот Парламент, на 25 јануари 2019 година.

Од анкетираните, 36,8 отсто оцениле дека договорот веројатно е во правилна насока, а мнозинството од нив, односно седум од десет на минатите избори гласале за СИРИЗА, а 23,4 проценти за Нова демократија.

Од оние 51 отсто што сметаат дека договорот веројатно бил во погрешна насока, седум од десет, односно 67,6 отсто на минатите избори гласале за Нова демократија, 23,1 проценти за СИРИЗА, а 56,9 отсто гласале за друга партија.

Останатите 12,2 отсто, за конкретното прашање за Договорот од Преспа ја одбрале опцијата „не знам/не сакам да одговорам“.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено на 27 и 28 јануари со учество на 928 лица со право на глас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе