Министерот за борба со корупција Љупчо Николовски бара време за делување после катастрофалниот извештај на транспаренси интернешнал за корупцијата.
Слабостите биле трупани 30 години а тој работи само 3 месеци на функција која за прв пат е воведена во земјава.
Сепак останува на ставот дека назадувањето на земјава е поради перцепцијата на граѓаните кои сега живеат во послободна држава со послободни медиуми.
За Антикорупсциската комисија корупцијата во земјава е реалност а не перцепција. Како пример го даваат своето искуство кое покажува дека се уште најголем дел од поплаките до антикорупционерите се за партиски вработувања.
Проблем се и поставувањето на подобни партиски функционери а не стручни кадри. Статистиката покажала дека и покрај тоа што комисијата регирала власта интервенирала само во една третина.
Изјавата на Николовски деновиве многумина ја споредија со онаа на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој во 2015 та тврдеше дека извештајот на фридом хаус за неслободата на медиумите е само перцепција. Сега партијата која владееше тогаш а сега од позиција на опозиција ВМРО ДПМНЕ дава примери за тоа што корупција во оваа власт. Според Демократскиот сојуз ова е сигнал кој треба сите да не алармира.
Инаку во извештајот на транспаренси македонија има пад од 5 места и го достигна најниското 11 место откако се мери индексот на корупција.
На дното во регионот е заедно со Босна и Херцеговина а во светски рамки со Монголија и Панама.
Од таму посочија дека наместо декларативна борба треба ефикасни реформи со владеење на правото. И таму е нотирано дека треба да се престане со политички пазарења при вработување во администрацијата.
Билјана Николовска