Ковид19 Македонија Најважни

Прва жртва во Македонија од британскиот вид на Корона – засега нема нови рестрикции велат властите

Починатиот пациент од новиот, британски вид на Корона бил лежечки пациент, хоспитализиран со компликации како од обичниот вирус кој се детектира кај позитивните пациенти во земјава веќе со месеци наназад, за Телма информираат извори од Институтот за јавно здравје. Починал во болница, а посмртните испитувања покажале дека тој сепак бил заразен со британскиот вирус. Овој пациент е еден од тројцата кои засега се потврдени носители на мутацијата во земјава. Министерот за здравство денес кажа дека е можно истата подолго време да постои и кај нас.

Можно е оваа мутација на вирусот да е присутна во последните повеќе недели кога после падот на бројките има едно ниво, израмнување на кривата. Но, во секој случај тоа што е многу важно е дека нема зголемување на бројот на случаите. Сѐ уште не е исклучена можноста, можно е тоа да се случи. Затоа сме внимателни со препораките и со мерките. Сите за сега остануваат исти. Сега се земаат примероци од некои специфични групи. Најкарактеристичен во овој момент е мини-кластер на Клиниката за нефрологија. Таму се заболени 29 лица – шест од нив се асимптоматски. Во неколку групи се зема материјал и во лабораторијата на МАНУ ќе се секвенционира вирусот, вели Филипче.

Мутираниот вирус, во Британија е детектиран уште од пред Нова година, а тоа ги натера тамошните власти да не губат време и да воведат строги рестрикции насекаде поради застрашувачките информации дека мутацијата всушност е позаразна од обичниот Ковид. Истражувањата во лабораториите покажале дека носителите на мутацијата исфрлаат многу поголема количина од вирусот кога зборуваат, кашлаат и кога киваат – а, поради тоа и многу полесно се шири инфекцијата. Во Македонија првите информации за потврден случај со британскиот вид пристигнаа од лабораторијата во Клиниката „Жан Митрев“. 46 годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, бил заразен со тој вирус. Секвенционирање односно методата која покажува за каков вид на Корона вирус станува збор, веќе се прави и во Институтот за јавно здравје, велат оттаму. Кадарот од епидемиолози веќе имал одредени обуки во однос на методата. Синоќа во Скопје е донесен и секвенционер испратен од Светската здравствена организација.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе