Вести Економија

Граѓаните во банки чуваат 4,6 милијарди евра, за кризата заштедиле плус 205 милиони евра

Кој има пари штеди, кој нема се задолжува – покажува статистиката на Народната банка за минатата година. И во услови на најголема економска криза поради пандемијата со Ковид 19 македонските граѓани успеале да заштедат дополнителни 205 милиони евра. Така вкупните депозити до декември лани достигнаа 7 милијарди евра, од кои 4 милијарди 637 милиони евра се заштеди на граѓаните во банките. А само една година претходно, во 2019 година на штедните книшки на граѓаните имало 4 милијарди 432 милиони евра или 205 милиони евра помалку. За истиот период пак и компаниите штеделе, кај нив имало плус 183 милиони евра во однос на 2019.

Трендот на раст на депозитите го регистрираше и Народната банка. Само во декември депозитите на домаќинствата порасанале за 2,3 проценти во однос на претходниот месец.

На годишна основа, депозитниот раст изнесува 4,6% и целосно се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти.“- НБРМ.

Но кој штеди и во услови на криза?! Податоците на Фондот за осигурување на депозити, за првите шест месеци лани покажаа дека на книшките на 28. 573 граѓани се речиси половината од вкупнитре депозити на сите граѓани. Тие во банка имаат речиси 2,2 милијарди евра. Но, сумите кои ги чуваат во банка се над 30.000 евра – износ кој не е осигуран доколку дојде ризичен настан кај некоја банка.

Податоците на Народната банка покажуваат и дека за време на пандемијата граѓаните се повеќе и се задолжувале. Вкупните кредити достигнаа 5,8 милијарди евра, од кои 3 милијарди евра се кредити на домаќинствата. Тие во однос на 2019 година, пораснеле за 224 милиони евра. Граѓаните најмногу пари должат за потрошувачки и станбени кредити.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе