Економија

„Сивус“ станува дел од чешката групација „Арикома“

Нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, групацијата „Арикома“ ја презема македонската ИТ компанија „Сивус“. Како што истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата заедно со чешкиот амбасадор Мирослав Томан, станува збор за инвестиција која може да овозможи плодна натамошна соработка со Чешката Република.

Станува збор за влегување на македонскиот пазар на инвеститор од Европската Унија, АРИКОМА Групација, една од најголемите чешки групации дел од ККЦГ групацијата која е приватна мулитнационална финансиска и ивестициска групација основана во 1995г. со канцеларии во Швајцарија, Чешка, Белика Британија и САД со вкупна вредност на капиталот од 7 милијарди евра и 5 милијарди евра приходи и 6.000 вработени во 22 земји во светот.

„Искуствата кои ги стекнавме оваа година, ни дава за право да кажеме дека дигиталната трансформација се одвива многу побрзо отколку што се очекуваше. Амбицијата на АРИКОМА да стане лидер во пошироки рамки и предводник на таа трансформација совршено се вклопува со мисијата, вредностите и позицијата која ја има Сеавус, не само во Македонија, туку и пошироко. Оттука, продолжуваме силно да инвестираме во развој на ИТ кадрите во Македонија, да ги споделуваме меѓународните искуства, продолжуваме да бидеме бизнис инкубатор и да ја промовираме и понатаму ИТ експертизата на македонските професионалци на меѓународен план. Ги поздравуваме заложбите на Владата за овозможување на бизнис клима за развој на ИТ секторот, во кој Сеавус беше, е и ќе остане двигател на растот на дигиталното општество, но и пример за сите сегашни и идни претприемачи и странски инвеститори“, изјави Михал Томанек, директор за инвестиции одговорен за ИТ, АРИКОМА Груп.

Премиерот пак нагласи дека македонскиот ИКТ сектор во последните години е најбрзо растечка индустрија во нашата земја и ги вработува најмладите и најпродуктивните кадри.

Групацијата Арикома може да очекува поддршка од Владата за сите нејзини наредни развојни планови, посочи Заев и најави намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 на нула проценти во 2023 година, како и други мерки за развој на оваа индустрија.

Согласно податоците од Централен регистар ИКТ индустријата расте по сите основи. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години. Вкупниот број на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1,296 пораснал на 1,957 во 2019 година, што е пораст за околу 700-тини компании за само 4 години. Бројот на вработени од 10,975 во 2014 година, пораснал на 15,093 во 2019 што е пораст за приближно 50%. Ова е значителен пораст на вработените во една индустрија.  Значаен пораст бележи извозот на ИКТ софтвер и услуги, кој во 2016 година бил 150 милиони евра, а во 2019 година пораснал до 210 милиони евра, што е пораст за 40%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе