Литии и традиционално фрлање на Светиот Крст во реките или градските базени низ државата оваа година ќе нема. Одлуката ја донесе Македонската Православна црква и на својата веб страница објави дека во духот на препораките на Министерството за здравство празниците се прославаат со одговорност кон јавното здравје и почитување на епидемиолошките здравствени мерки. Затоа оваа година Богојаваленското осветување на водите ќе биде во храмовите.
Светиот Крст не се фрлал неколку години по Втората светска војна, а традиција било тоа да се прави во црквите, каде што во сите има мали базени. Според свештеникот Добира Јанев во 90 години почнува фрлањето на крстот во реките. Годинава ќе ги нема сцените, какви што ги имаше низ повеќе населени места низ државата. Во Штип лани двајца од педесетмината скокачи останаа да лежат во реката Брегалница и да се борат за светиот крст.
Митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион настанот го нарече немил, па одлучи се додека се смират луѓето крстот да остане во црквата, а верниците можеа да му се покланат и да го бакнат во соборниот храм Свети Никола.
Викторија Димитрова Јованова