Ковид19 Македонија Најважни

Србија ќе ни даде 8.000 вакцини од „Фајзер“

Србија ќе и даде на Македонија 8000 вакцини од производителот ,,, Фајзер,,.Деновиве ќе се договорат и деталите околу испораката.Српскиот претседател Вучиќ во телефонски разговор со Премиерот понудил вакцините да се доделат како донација но Заев инсистирал тие да бидат платени по набавна цена. Иако Европската комисија најави милијарди дози за 92 нискоразвиени  земји,помошта засега останува само на хартија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телефонски разговор му соопштил на премиерот Заев дека се подготвени да ни дадат 8000 вакцини од производителот,, Фајзер,,.Наредните денови двајцата министри за здраство Венко Филипче и Златибор Лончар  ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака.Вучиќ инсистирал вакцините да бидат донација но Заев тоа не го прифатил по што било договорено да се платат по набавна цена.

Клиниката за трансфузиологија отстапи два фрижидера за чување на вакцините. До крајот на месецот ќе пристигнат уште три .Во февруари се очекуваат и вакцините преку Ковакс системот за кои е направена уплата и обезбдена гаранција. Од министерството за здраство немаат информации колкава количина вакцини Македонија ќе добие од земјите кои се понудија да помогнат, Бугарија, Грција, Полска и Австрија. Велат дека тоа е одлука на нивните влади а понудените вакцини може да бидат донации или да се платат од фондот од 70 милиони евра кои Европската комисија ги обезбени за земјите од регионот. Но помошта од Европската комисија засега останува само на хартија. Телма упати прашање до Европската комисија каде е заглавена солидарноста за регионот, дали имаат план за дистрибуција на 100 милиони вакцини, колку од нив се планирани за нашата земја и кога ќе се дистрибуираат.Одговорот е дека во оваа фаза детали нема да се споделуваат.

Комисијата на крајот на годината усвои пакет од 70 милиони евра за му помогне на Западен Балкан да ги покрие трошоците за ран пристап до вакцините. Во тек се дискусиите на земјите-членки, при тоа што Комисијата има олеснувачка улога. Во оваа фаза од разговорите ние не сме во позиција да навлегуваме во детали, соопштуваат од ЕК.

Вкупната количина на вакцини преку Ковакс системот за нашата држава изнесува 833000 дози.Први ќе се вакцинираат здравствените работници а потоа хронично болните и возрасни лица.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе