Најжестокиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, беше уапсен денеска откако по 5 месеци се врати во Русија, по лекувањето во Германија заради нападот со нервниот агенс Новичок.
44 годишниот Навални беше запрен на пасошката контрола и приведен од полицијата.
Летот со кој се враќаше Навални од Берлин беше пренасочен од аеродромот Внуково на аеродромот Шереметјево, заради големиот број негови подржувачи подготвени да го пречекаат и покрај зимскиот студ, но и силното медиумско присуство.
Навални тврди дека режимот на Путин стои зад обидот на негово убиство со отровот Новичок.
Неколку минути пред да биде уапсен, Навални на своите подржувачи им порача дека не се плаши од ништо и дека обвинувањата против него се целосна фабрикација.