Македонија

Заради пандемијата ниту еден лекар од источниот регион лани не заминал на специјализација

Ниту еден млад лекар вработен во болниците и здравствените домови во источниот регион лани не заминал на специјализација.

Сите биле ангажирани во биткатата со коронавирусот.

Во штипската Клиничка болница младите лекари кои чекаат специјализација се ангажирани во Ковид центарот.

Првиот човек на оваа регионална болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека годинава ќе бараат пет специјализации за одделите на Инфективно, Анестезиологија, Неврохирургија, Максиофацијална и Ортопедија.

Здравствениот дом во Делчево две години нема реализирано специјализации, од причина што младите лекари или им заминале во странство или си зеле на приватно.

Но, директоркатат Марија Глигоровска вели дека во моментов имаат тројца млади лекари, кои чекаат за вработување и веднаш да ги испратат на специјализација.

Очекуваме годинава три специјализации. Интерно и неврологија за здравствениот дом во Македонска Каменица и уште една за неврологија во Делчево. Мислам дека тие се приоритени за нас бидејќи тука претежно имаме постаро население, вели Марија Глигоровска, директор на Здравствен дом Делчево.

Во кочанската болница, каде што лани во пензија замина единствениот инфектолог, очекуваат да добијат годинава неколку, а во оваа болница  13 лекари треба да се се вратат од специјализации.

Во помалите општини во источниот регион најголем недостиг има од специјалисти педијатри и интернисти.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе