Економија

Големи разлики во мерењата на македонската и бугарската лабораторија за „Пејпер мил“

Раководството на кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил останува на ставот за привремен прекин на производството. Статусот на 120 работници останува ист и ќе им се исплаќаат плати и придонеси се додека не донесат друга одлука. Генералниот директот, Јулијан Даскалов вели дека на овој чекор се одлучиле поради тоа што Државниот инспекторат за животна средина им издаде решение поради загадување на воздухот да не го користат котелот на пелети, туку производниот процес да го реализираат само со метан, што според нив е неисплатливо.

Не јасно е зошто Инспекторатот за животна средина одбира да уважи мерења на само една лабораторија, не земајќи ги предвид и игнорирајќи ги резултатите добиени од референтни и акредитирани лаборатории од ЕУ, што е спротивно на конвенциите кои ги има потпишано Република Северна Македонија со ЕУ, вели Јулијан Даскалов, генерален директор на „Пејпер мил“.

На тврдењата на Даскалов дека нивната бугарска лабараторија ги исполнува стандардите, директорката на еко инспекторатот, Ана Петреска за Телма вели дека, по извршените мерења на 30 декември се покажале големи разлики меѓу мерењата на македонската и бугарската лабараторија, затоа побарале од Институтот за акредитација и вешто лице оценувач да утврдат на што се должат разликите.

Забраната да се користи котелот на пелети важи се додека не биде поставен нов филтер и загадувањето не се намали под граничните вредности, од бугарската компанија најавија дека веќе извршиле нарачка на техничка опрема за унапредување на технолошкиот процес која е планирано да пристигне кон средината на февруари. Граѓаните на Кочани и еко активистите постојано реагираа и досега имаа четири протести пред фабриката, која изминатите години го загадуваше воздухот.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе