Вести Економија

Нема дотур на јаглен во РЕК Битола

Обилните врнежи од дожд и снег во битолскиот регион изминатите денови,  поплавија делови од рудникот Суводол во РЕК Битола и предизвикаа застој на транспортните траки кои го пренесеуваат јагленот до термоелектраните. Поради тоа најголемиот производтиел на струја во државата во моментот работи само со  само со еден блок од вкупно три блока. Од комбинатот велат дека има резерви на јаглен , но не може да се донесе  до електраната. Сепак, од таму уверуваат дека електроенергетскиот систем е стабилен и струја се произведува во согласност со потребите.

„АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк. Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира.“, наведуваат од АД ЕСМ  

Елементрана непогода и поплави во  рудниците Суводо и Брод Гнеотино во РЕК Битола имаше и летоска, кога беше прекинат ископот и транспортот на јаглен. Од комбинатот велат дека и сега сите вработени се мобилизирани за санација на сосотојбата. Инаку, по обилните врнежи од дожд изминатите денови, синоќа битолксиот регион беше зафатен од врнежи од снег, па утрово снежната покривка изнесуваше 28 сантиметри, а темратурата се спушти 13 степени под нулата со што Битола денеска е најстуден град во државата

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе