Ракомет Спорт

Американците се откажаа од СП, Швајцарија патува за Египет

Конечно е расчистена и втората дилема околу учесниците на Светското првенство во ракомет кое почнува утре.

Ракометната федерација на САД го извести ИХФ дека се повлекува од настапот на Мундијалот поради голем број на позитивни резултати на инфекција со коронавирусот.

Според редоследот на резерви за учество на шампионатот,  местото на селекцијата на САД ќе го заземе репрезентацијата на Швајцарија, која настапи во Е грипата заедно со селекциите на Австрија, Франција и Норвешка.

Швајцарците првиот натпревар ќе го играат в четврток против Австрија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе