Ракомет Спорт

Дванаесет репрезентации допатуваа во Египет

Според изјавата на заменик извршниот директор на Организацискиот комитет на Светското првенство во ракомет што ќе се одржи во Египет, Халид Фати до овој момент во Каиро допатуваа 12 селекции.

Националните тимови на Алжир, Австрија, Хрватска, Данска, Јужна Кореа, Шведска, Тунис, Словенија, Франција, Германија, Норвешка и Чиле се веќе во Египет и се сместени во хотелите кои се одредени како дел од “балонот” во текот на Мундијалот.

Најголем проблем околу патувањето во Египет имаат селекциите на Чешка, САД и Зеленортските острови кои се имаат голем број на ракометари со позитивни резултати на инфекција на коронавирусот и нивниот настап се уште е неизвесен бидејќи комплетните тимови се во изолација.

Репрезентацијата на Македонија очекува повик од ИХФ да пополни некое од евентуално празните места, а во слична ситуација е и селекцијата на Швајцарија која има статус на втора резерва.

Светскиот шампионат почнува утре со дуелот меѓу домаќинот Египет и Чиле, а мечевите ќе се играат во четири арени и тоа во Каиро, Гиза, Александрија и Њу Капитал.

Шампионатот ќе се игра во периодот од 13 до 31 јануари, во првата фаза 32-та национални тима се поделени во осум групи, а пласман во следната фаза обезбедуваат трите првопласирани селекции кои во главната рунда ќе се натпреваруваат во четири групи по шест тима.

Пласман во нокаут фазата (четврт-финале) обезбедуваат освојувачите на првите две позиции кои во завршницата ќе се борат за трофеите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе