Ракомет Спорт

Коронавирусот проблем и за Зеленортските острови

Пред заминувањето за Египет и настап на Светското првенство во ракомет проблем со позитивни играчи на коронавирусот има и репрезентацијата на Зеленортските острови.

На последното тестирање пред патувањето за Каиро детектирани се сдум позитивни резултати, а комплетниот национален тим е во карантин во Португалија каде оваа репрезентација ги одржа подготовките пред историскиот настап на Светското првенство.

Пред почетокот на шампионатот покрај Зеленортските острови со позитивни резултати на инфекција со коронавирусот има и во репрезентацијата на САД и сега се очекува реакција на ИХФ, кој може како прва резерва на првенството да ја повика селекцијата на Македонија.

Зеленортските острови се дел од А групата во која партиципираат уште Германија, Унгарија и Уругвај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе