На еден ден пред заминувањето за Каиро, селекторот на германската ракометна репрезентација Алфред Гисласон во договор со Кристијан Дисингер решено е играчот на Вардар да биде дел од националниот тим што ќе настапи на Светското првенство.
“Имавме отворен разговор и за жал се согласивме дека тој не е подготвен за настап на шампионатот. Кристијан во изминатиов период поради чести карантини не тренираше доволно, а во последниве месеци нема одиграно голем број на натпревари. За жал и тој прележа Ковид-19 и сметам дека не е подготвен за серија од тешки натпревари што не очекуваат за време на турнирот”, изјави Гисласон.
Ракометарот на Вардар е разочаран што нема да патува за Египет, но е свесен за целата ситуација и верува дека во иднина ќе може да му помогне на националниот тим.
“Разочаран сум и тажен, но мора да се признае дека се што се случуваше во претходниот период влијаеше врз целата ситуација. Во изминативе недели имав големи проблеми и затоа не можам да и помогнам на репрезентацијата. Имавме коректен разговор со селекторот и одлуката што ја донесовме е заедничка”, истакна Дисингер.
Репрезентацијата на Германија за Каиро отпатува заедно со селекцијата на Австрија, а првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 15 јануари против Уругвај.
ФОТО: Игор Паневски