Вести Економија

Од 1 март граѓаните пак ќе плаќаат сметки во пошта, Халк Банка го презема платниот промет

До 2035 година Халк Банка ќе го врши платниот промет преку Македонски Пошти. Денеска првите луѓе на компаниите ставија потпис на 15 годишниот договор, со кој граѓаните и компаниите од 1 март наредната година, пак ќе можат да плаќаат сметки и да вршат трансакции и во пошта. Ова доаѓа во време кога Владата на големо ја турка  идејата за приватизација на државното претпријатие, кое со години трупа загуби. Но првиот човек на Пошти, Јани Макрадули потврдува дека во договорот има заштитни клаузули, но детали не открива. Не кажува колкави пенали би плаќале доколку дојде до негово раскинување во текот на 15 годишниот период.

Па имаме заштитни клаузули, за информирање кога би се случило сето тоа, вложувањето во хардверската структура, инфраструктурата има своја цена. Тоа се предмет на договарање понатаму, кога ќе се направи, било кој кога ќе направи една студија – вели Макрадули.

Пред два и пол месеци Владата наложи да се изготви физибилити студија на кој начин да започне постапката за приватизација на државната компанија.Опциите се јавно-приватно партнерство или целосна приватизација. Но според Макрадули, денешниот договор со Халк Банка ќе биде предност и мотив  за идниот потенцијален инвеститор

Се разбира има заштитна клаузула на двете страни, бидејќи е таков договорот.Предност да имате банка и платен промет во 300 точки е предизвик за било кој потенцијален инвеститор. Не верувам дека некој ќе влезе во варијанта еднострано да го раскине.

Според првиот човек на Халк банка, условите на банката се утврдени во договорот.

Ние при подготовка на нашата понуда ги утврдивме нашите услови во консултација со менаџментот на Македоснки Пошти. Имајќи ја предвид нашата инфраструктура и можноста да се прилагодиме на тоа дејствување, затоа го дадоввме и тој период од 2 месеца.

Ова доаѓа по пропаѓањето на Еуростандард банката преку која се вршеше платниот промет на Пошти. Според договорот  со Халк Банка заедничкиот приход ќе го делат двете компании. Кај државната Пошта ќе легнуваат 71, а кај Халк Банка 29 проценти од приходите од платниот промет.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе