Култура

Филмот „Хомо“ на фестивал од А категорија во Индија

На крајот од тешката година, една убава вест! Филмот „Хомо“, на режисерот Игор Иванов Изи, по националната премиера на „Cinedays“ , во септември, ќе го започне својот меѓународен фестивалски живот на најпосетениот азиски филмски фестивал од А категорија, што во јануари ќе се одржи во Гоа – Индија.

Желбата наша е да се промовираме на А категорија фестивал. Тоа е крем де ла крем, ако може да се каже. Излезе „Гоа“ за „Хомо“ , во Индија, што мене посебно ме радува. И јас како продуцент и „Скопје Филм Студио“ , прв пат сме на фестивалот во Гоа, вели Томи Салковски- главен продуцент „ Скопје Филм Студио“.

Екипата ги остварила заложбите , во година на пандемија, „Хомо“ , да биде селектиран на престижeн филмски фестивал, каде проекциите ќе бидат во живо, а не онлајн. Терминот за одржување е поместен од крајот на ноември, за во јануари.

Оваа година е поместен поради актуелните состојби и ќе се случува од 16 до 24 јануари. „Хомо“ ќе има своја премиера во главната програма, наречена „ Интернационална панорама- секција“, каде е селектиран, меѓу 1000 пријавени филмови од целиот свет, вели Игор  Иванов- Изи, режисер и косценарист на „Хомо“.

Филмот „ Хомо“, низ 6 приказни зборува за човековата потрага по среќата во несреќни околности. Тој е копродукциско остварување од 5 земји во регионот, меѓу кои е и Македонија. Па, покрај регионалните  , во него настапуваат и наши актери кои се задоволни од учеството на филмот на фестивал од А категорија.

Особено ми е драго што годината завршува со таква убава вест, да ја заокружиме со убава вест, место со лоша, вели актерката Наташа Петровиќ.

 

Секогаш се надеваме дека после завршената работа дека продуктот би имал некаков живот, а ако се работи за филм, тоа се филмските фестивали. И сега ова е одлична вест, вели актерот Јордан Симонов.

За актерот Сергеј Димовски и за Акелсандар Матовски- Цако, „Хомо“ беше деби во долгометражен филм.

Јас сум самиот по себе љубов, барем така ми викаат пријателите и не ми беше тешко јас да го снимам овој лик, вели Матовски.

 

Ова е сепак мој прв долгометражен филм , каде што ми е доделена голема задача, голем лик. Една од главните улоги. И се разбира, соработката со Изи беше фантастична, рече Димовски.

Учеството на филмот „Хомо“ на фестивалот во Гоа, е еден од бројните успеси кои домашната кинематографија ги бележи во последните 3- 5 години, зашто на  реномирани фестивали од А и Б категорија и на Оскарите, беа прикажани и наградени  повеќе наши остварувања. Филмовите се и ќе останат нашите културни амбасадори, потенцира в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе