Економија

Второстепената комисија повторно ја одби жалбата на Еуромакс за рудникот Иловица

Второстепената комисија ја одби жалбата на „Еуромакс рисорсис“, концесионерот на рудникот Иловица, дознава Телма. Откако Вишиот управен суд го врати случајот со Еуромакс на повторно одлучување, комисијата ја разгледала жалбата и уште еднаш ја отфрлила како неоснована.

Информациите до кои дојде нашата телевизија велат дека дури и да се спојат двете концесии, невозможно е да се продолжи договорот, бидејќи Еуромакс имал низа недоследности и пропусти.

По одбиената жалба, Еуромакс може повторно да се обрати до Управниот суд.

Активистите на „Здрава котлина“ се упорни дека нема основ за продолжување на концесиите, но и дека во ниту еден случај не отстапуваат од барањето, да нема рудник на Огражден.

На почетокот од декември Вишиот управен суд одлучи во корист на Еуромакс. Со тоа остана на сила одлуката на Управниот суд од март годинава со која се наложува најпрво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за раскинување на договорот за експлоатација.

Концесионерот „Еуромакс рисорсис“ многу пати до сега изјавуваа дека веруваат во проектот, за кој велат дека нема да биде штетен за животната средина а ќе донесе и економски бенефит за локалното население.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе