Вести Економија Најважни

Бислимоски: Ако сакаме гас во домовите, државата треба да управува со ГАМА

Ако сакаме да има гас до сите домови државата т.е НЕР мора да управува со ГАМА, вели Марко Бислимоски претседател на РКЕ и претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедица . Бислимоски појаснува дека сега имаме состојба кога гасот што стига од Русија проаѓа низ гасоводниот прстен со кој управува Макпетрол и државата. Тоа е како на обиколница патарината да ја определува и приватно претпријатије, а ако е во сопственост само на државата може да одлучи и да нема патарина за возилата од нејзиниот град туку само за транзитните.

Бислимоски наведува дека секретаријатот на Енергетската заедница даде зелено светло затоа што со преминување на ГАМА во целосна државна сопственост ќе ги исполниме европските критерими од третиот енергетски пакет.

“Република Северна Македонија не е изолиран остров во енергетиката. Ние ќе станеме транзитна земја со коридорот на гас што ќе влезе од Грција кој ќе поминув преку нас па се до Косово и ќе биде дирекна конкуренција на постојниот гас што доаѓа од Русија. Тоа значи конурентност и пониска цена, вели Бислимоски и појаснува дека

за да стигне до гасот до домаќинствата, ГАМА мора да премине во државна сопственост за да може низ цевката да има пристап секој кој ќе носи гас. Правото на пристап може да го гарантира државата врз инфраструктура што ја управува. И најбитно од се е дали ние ќе се грееме од Рек Битола или ќе имаме поевтин енергенс за граѓаните?

Клучно е што гасоводот треба да се искористи максимум бидејќи е во добра кондиција и овие инфраструктурни проекти може да траат и повеќе од 30-40 години”, изјави Бислимоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе