Економија

75 општини ќе ги добијат парите од карго аеродромот во Штип

Штип нема да добие карго аеродром, но 75 општини во земјава ќе добијат вкупно 35 милиони евра за 99 инфраструктурни проекти.

Најмногу, 6 милиони евра, ќе добие Градот Скопје, за клучката „Момин Поток“ и мостот „Карпош“. Охрид ќе добие пари за реконструкција на кејот на езерото. 1 милион евра се наменети за Тетово, за обнова на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и изградба на патот „Благоја Тоска“.

Во Кичево треба да се реконструира центарот на градот, капелата, центарот за кучиња скитници и котларата. Во Штип над 1 милион евра се наменети за изградба на линија 2 со резервоар „Мерите“.

Шуто Оризари ќе добие пари за изградба на атмосферска канализација на 4 улици, а дел од парите ќе добијат и Чаир, Струмица и Струга.

Парите се за водоводни мрежи, канализации, локални патишта, градинки, основни училишта, системи за водоснабдување и резервоари за вода.

Проектот за карго аеродромот требаше да биде готов оваа година, но беше напуштен поради несоодветните климатски услови и економска неоправданост.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе