Владата вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија, склучен помеѓу Македонија и ТАВ, со кој наместо да се гради карго аеродром во Штип во износ од 60 милиони евра, како што беше договорено кога ародромите се дадоа под концесија, сега ТАВ ќе исплати 35 милиони евра за инфраструктурни проекти за општините.
Од Владата засега нема објаснување, дали ова може да ја доведе земјава пред меѓународните судови бидејќи ТАВ концесијата ја доби токму поради клаузулатата дека ќе гради карго аердромот, а останатите заинтерсирани се откажаа иако уште кога се склучуваше договорот – познавачите коментираа дека карго аеродром е невозможно да се изгради.
Нема објаснување, зошто сумата е 35 милиони евра, иако карго аердромот требаше да чини 60 милиони евра. А нема детали дали сега земјиштето од градежно ќе се врати во земјоделско.