Незодовните оризопроизводители од откупната цена на оризовата арпа, денеска беа на средба со министерот за земјоделство Хоџа. Како што велат, на средбата изнеле повеќе барања за кои се разговарало и од министерот им било кажано дека во петок ќе им биде писмено одговорено, откако тој ќе се сретне и со откупувачите. Оризопроизводителите се незадоволни од откупната цена која сега во просек се движи меѓу 17 и 19 денари по килограм и најавија нови протести , доколку барањата не им бидат исполнети.
Едноипол часовната средба на незадоволните оризопроизводителите од откупната цена со министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, заврши со договор за нивните барања да бидат известени во петок. Оризопроизводителите реагираат на ниската откупна цена на оризовата арпа која во просек се движи од 17 до 19 денари по килограм и, како што велат, на денешната средба пред министерот изнеле повеќе барања.
- Барањата беа следните: 5 денари- дополнителна мерка, 25 до 30 денари откуп на оризовата арпа и 55 до 60 денари- откуп на белиот ориз. Сето тоа е ставено на маса и ред други проблеми. Така што во петок ќе имаме конечни информации – Здравко Арсов- Иницијативен одбор за спас на оризопроизводството.
Оризопроизводителите се незадоволни од односот на откупувачите кон нив. Се работи за 7-8 компании кои откупуваа ориз, зад кои воедно стојат и преработувачи и земјоделци, што е клучен проблем за паѓањето на цената на оризот годинава, велат оризопроизводителите. Според нив, откупувачите им ја цицаат крвта.
- Откупувачите, цената не да ја зголемат, туку за белиот ориз цената од 45 падна на 41 денар – Здравко Арсов- Иницијативен одбор за спас на оризопроизводството.
Според Арсов, од министерот Хоџа добиле уверување дека ќе се сретне со откупувачите и дека повторно трите засегнати страни ќе седнат на маса, пред конечната одлука во петок. Оризопроизводителите се децидни дека доколку барањата не им бидат прифатени , со механизација ќе излезат на протест и ќе го блокираат патот Штип- Кочани.
Сотир Трајков