Економија

Нема карго аеродром во Штип, дали земјава може да заврши пред меѓународен суд?

Владата  вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија, склучен помеѓу Македонија и ТАВ, со кој наместо да се гради карго аеродром во Штип во износ од 60 милиони евра, како што беше договорено кога ародромите се дадоа под концесија, сега ТАВ ќе исплати 35 милиони евра за инфраструктурни проекти за општините.

Од Владата засега нема објаснување, дали ова може да ја доведе земјава пред меѓународните судови бидејќи ТАВ концесијата ја доби токму поради клаузулатата дека ќе гради карго аердромот, а останатите заинтерсирани се откажаа иако уште кога се склучуваше договорот – познавачите коментираа дека карго аеродром е невозможно да се изгради.

Нема објаснување, зошто сумата е 35 милиони евра, иако карго аердромот требаше да чини 60 милиони евра. А нема детали дали сега земјиштето од градежно ќе се врати во земјоделско.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе