Вести Економија

Прва добиена кривична пријава за отпуштена работничка во ковид-кризата

Работничка од приватен сектор во Куманово прва ја доби битката за кршење на работнички права во време на корона кризата. Таа  ја има првата кривична пресуда во нејзина полза објави Кристина Ампева од ,, Гласен Текстилец”-Штип. Целиот судски процес го следеле.

Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, вели Ампева

Судот  утврдил незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права и го поништил решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито.  Посочи дека работничката, која одобрила да се објави информацијата е со цел да се охрабрат работниците, доколку се повредени нивните работнички права и да бидат одлучни и упорни во нивното остварување.

Да се обратите до соодветните институции, како и до Гласен Текстилец кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права.Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, порача Ампева.

Во моментов преку бесплатна правна помош и адвокатот на Гласен Текстилец се водат неколку тужби за побараување од работен однос и една кривична.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница

Дејан Дејан

Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни

Дејан Дејан

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе