Во првиот настап на домашен терен ракометарите на Металург го освоија и првиот бод во Лига Европа откако вечерва во ВИП арената Борис Трајковски одиграа нерешено 33:33 во дуелот против австрискиот претставник Фиверс.
Македонскиот претставник по лошиот старт и слабата игра во првото полувреме во вториот дел успеаа да направат пресврт и во поголемиот дел од продолжението на мечот имаа предност, но сепак на крајот мораа да спасуваат бод.
Најефикасен во составот на Металург со по седум погодоци беа Златко Хорват и Мартин Серафимов.
ФОТО: Игор Паневски