Работничка од приватен сектор во Куманово прва ја доби битката за кршење на работнички права во време на корона кризата. Таа ја има првата кривична пресуда во нејзина полза објави Кристина Ампева од ,, Гласен Текстилец”-Штип. Целиот судски процес го следеле.
Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, вели Ампева
Судот утврдил незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права и го поништил решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито. Посочи дека работничката, која одобрила да се објави информацијата е со цел да се охрабрат работниците, доколку се повредени нивните работнички права и да бидат одлучни и упорни во нивното остварување.
Да се обратите до соодветните институции, како и до Гласен Текстилец кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права.Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, порача Ампева.
Во моментов преку бесплатна правна помош и адвокатот на Гласен Текстилец се водат неколку тужби за побараување од работен однос и една кривична.
Викторија Јованова