Економија

Хоџа: Има тренд на зголемување на цената на тутунот

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа тврди дека владината земјоделска политика не е лоша и резултатите не се катастрофални. Според него оваа година имало одлични резултати кај овоштарството, полјоделството и градинарските култури. И покрај критиките за катастрофален откуп на ориз и тутун, Хоџа тврди дека годинава се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а кај тутунот биле исплатени рекордни субвенции, дури една третина од буџетот. Вели дека споредено со лани ова е полоша година за откупот на тутунот, но тврди дека не е најлошата.

На самиот почеток на откупот сме и правиме максимални напроти да се надмине цела оваа нервоза и реално гледано има постепено подобрување. Пред да започнат протестите, точно е дека почна лошо и затоа одржавме состанок со откупувачите и производителите. Ако направиме пресек откако се почнати разговорите, имаме, иако е мал, сепак имаме тренд на зголемување на просечната цена. Ако просечната цена пред две недели беше 162 денари по кг, моментално со пресекот од петок, денеска што ги добив резултатите од Државниот инспекторат за земјоделство, имаме просек од 167 денари, вели Хоџа.

Но тутунопроизводителите обвинуваат дека и покрај постигнатиот договор, ситуацијата на терен е непроменета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе