Ракомет Спорт

Хорват: За да победиме мораме да играме на највисоко ниво

По подолга пауза ракометарите на Металург конечно ќе одиграат еден натпревар во Лига Европа. Во Скопје гостува австрискиот претставник Фиверс и мечот е одлична шанса да се забележи првата победа во второто по ранг европско клупско натпреварување.

“По два карантина веднаш почнавме со силен ритам, играме секој втор ден натпревар. Фајверс е една добро составена екипа. Трчаат многу сите 60 минути и тоа е нивната најсилна страна. Ние ако успееме тоа да го контролираме и не им дозволиме лесни погодоци тогаш мислам дека можеме да очекуваме бодови, ако не тогаш тие ќе не надиграат. После сè ова навистина е тешко да се предвиди што би се случило. Ние поради оваа ситуација не можевме ниту нормално да тренираме ниту да играме ниту пак да се воиграме. Ќе видиме што ќе биде. Најважно е секој да го даде својот максимум, кој колку може, па ако тоа биде доволно за победа, ќе биде супер”, рече крилото на тимот од Автокоманда, Златко Хорват.

Натпреварот почнува во 18 часот и 45 минути и ќе се игра во ВИП арената Борис Трајковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе