Економија

Обложувалниците бараат од Владата да ја преточи Уредбата за онлајн обложување во Законот за игри на среќа

Преточување на Уредбата за онлајн обложување во Законот за игри на среќа или носење друго правно решение, со кое ќе продолжи онлајн обложувањето, бараат од Асоцијацијата на спортски обложувалници во земјава. Барањето до Владата, доаѓа поради истекување на рокот на важење на Уредбата , ноќеска на полноќ, со што се гасат сервисите за онлајн обложување на домашните лиценцирани обложувалници. На тој начин државата во време на економска кризи поради пандемијата, ризикува да изгуби неколку стотици милиони денари  на годишно ниво, што би се слеале во буџетот, но и да ги изгуби досегашните онлајн играчи на среќа, зашто ќе се свртат кон странските сајтови, каде според проценката на Асоцијацијата годишно се губат меѓу 40 и 50 милиони евра. Од АСОМ велат дека без подзаконски акти во Законот за игри на среќа никој не може да добие дозвола за приредување игри на среќа на интернет, и се сомневаат во селективен пристап, зашто според нив Државната видео лотарија не ја применувала Уредбата како што е пропишана и работела според постоечкиот закон.

Бараме итно, по кратка постапка Владата да ја имплементира Уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри! Владата имаше 6 месеци да најде правно решение за продолжување на Уредбата , но тоа не се случи. Ние апелиравме и преку медиумите, но и до Владата и до Министерството за финансии, со барање за средба, да ги адресираме сите предизвици , но и придобивките од оваа индустрија.Но, до сега немаше апсолутно никаков слух за тоа. Заради тоа ние уште денеска до Владата и до Министерството за финансии  ќе доставиме Предлог –текст за имплементација на Уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри, кој сметаме дека треба итно да се донесе, изјави претседателот на асом, васко илијевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе