Економија

Финансиската помош од 6.000 денари ќе може да се троши и кеш

Сумата од 6.000 денари што граѓаните ќе ја добијат како финансиска поддршка со четвртиот пакет мерки ќе може да ја користат без рокови и ограничувања, соопшти Владата. Оттаму за Телма потврдија дека ова значи дека граѓаните ќе може да ги вадат парите и како кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

Од Владата засега нема објаснување – кога е сменета кампањата „Купувам домашно“,  што беше промовирана со претходните пакети финансиска поддршка и која тогаш се најавуваше како обид за помош на домашната економија преку купување домашни производи, со став дека 30- те милиони евра кои ќе ги добијат граѓаните директно ќе влезат во домашната економија.

Сега со четвртиот пакет предвидена е сума од 27,5 милиони евра за финансиска поддршка за ранливите категории граѓани, а парите треба да се префрлат на трансакциските сметки на граѓаните, но нема рок до кога сите ќе ги добијат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе