Култура

Почина Љупчо Петрушевски,актер и поранешен директор на МНТ

Актерот и поранешен директор на МНТ, Љупчо Петрушевски почина ненадејно во 75 година од животот.
Петрушевски дипломира на отсекот за актерска игра, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација дипломирани актери. Целиот работен век, од 1966 година до пензионирањето го помина во МНТ. Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на МНТ, а потоа директоруваше уште во два наврати. Со институцијата, од 1988-1999 и со секторот Драма, од 2004 до 2006 година.
На сцената креираше релативно кратко, од 1967 до 1984 година, но играше голем број главни и споредни улоги. Во аналите на МНТ ќе остане како директор кој постојано се бореше театарот и преставите да стигнат што подалеку од матичната сцена.
Првата улога во МНТ ја одигра во претставата „ Случајот во Виши“  во 1967година. Ја толкуваше и насловната улога во „ Славата и смртта на Хоакин Муриета“ , во 1976.
Некои од позначајните улогите му се:  Михаил Антонов во „ Macedonishe Zustande“ , Витезот од Рипафрата во „Мирандолина“ , Виќа во „Сомнително лице“ , Пјер во „Граѓанинот благородник“ , Владимир во „ Габи“ , Луков во „Житолуб “, Ѓорѓија во „Милион маченици“ , Непознатиот во „Сојтарии“ , Чорниј Вашил во „Кенгурски скок“ , Кметот во „Соблазна во Шентфлоријанската долина“, Пуба Фабрициј Глембај во „Господа Глембаеви“ , Зигфрид Крампоносец во „Фарса за храбриот Науме“ , Арагонски кнез во „Венецијанскиот трговец“ , Федотик Алексеј Петрович во „Три сестри“ и многу други.
Љупчо Петрушевски ќе остане запаметен и по остварувањата во филмсвите и телевизиски серии: „ Скопски сновиденија“ , „Ѕвездите на 42-та“ , „Климент Охридски“ , „Сомнително лице“ , „Нели ти реков“, „ Лет во место“ , „Илинден“ , „ Јужна патека“, „ Наши години“ и др.
Тој беше неразделен дел од театарот и по пензионирање. Беше верен подржувач и гледач на претставите на колегите. Беше препознатлив и по бојата на гласот и по маркантната појава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе