Вести Економија

Национален ден на Катар – земја со една од најсилните економии во светот

Државата Катар го слави својот Национален ден на 18-ти декември секоја година по повод пристапувањето на шеикот Џасим бин Мохамед бин Тани  на власт во Државата, успевајќи при тоа да ја обедини својата татковина во 1878 година и да ги постави темелите на својата модерна држава и да го претвори Катар во единствена, сплотена и независна држава.  Националниот ден ја слави припадноста и лојалноста кон татковината, и ја прикажува солидарноста, единството и гордоста кон  националниот идентитет на државата Катар.

Катар поседува една од најсилните економии рангирајќи се на врвот на најбогатите земји во светот . Тоа му овозможува на Катар да ги прошири своите развојни планови и инвестициски потенцијали во индустриските и економските домени  и во научно истражувачки дејности како во земјата, така и во странство. Високите приходи во оваа држава се користат во масовни развојни мега проекти, од инфраструктура до поддршка на индустријата, странски инвестиции и приватен сектор.

Туризмот во Катар се смета за силен придонесувач во економијата и претставува вистинска манифестација на модернизацијата на државата.  Спортот е во водство со меѓународни настани кои се движат од трки со коњи и камили до брзо возење со чамци и бродови.  Катар исто така ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал  ФИФА 2022, а воедно и прва арапска земја што го организира настанот.

Од воспоставувањето билатерални односи меѓу Државата Катар и Република Северна Македонија во 1996 година, двете земји ја зголемија соработката на различни нивоа и потпишаа голем број договори и меморандуми за разбирање и соработка за промовирање и заштита на инвестициите, за одбегнување на двојно оданочување  и  зајакнување на билатералните трговски, економски, културни, политички, научни и развојни врски покрај технолошката соработка и размената на искуства.

Следејќи ја Националната визија 2030 година, Катар дејствува како активна и одговорна членка во меѓународната заедница и придонесува кон одржување на меѓународниот мир и безбедност преку политички, економски, развојни и хуманитарни иницијативи.

Следете во прилог кратко информативно видео за Државата Катар.

https://drive.google.com/file/d/1cwieOqA6-I7H9t5SwYT1oRDShs_Z02ik/view?usp=drivesdk

Линк од стадионите за светско првенство во фудбал 2022 во Катар:

https://mofa.gov.qa/en/qatar/2022-fifa-world-cup/stadiums

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе