Вести Економија

Тутунарите од пелагонискиот регион повторно на протест

Пелагониските тутунопроизводители денеска излегоа на протести и  два часа го блокираа магистралниот пат од Прилеп кон Скопје, на излезот од градот, незадоволни од ниските откупни цени.  Не им веруваат на откупните компании кои вчера на средба  со премиерот Заев и министерот за земјоделство Хоџа, ветија  флексибилен пристап при категоризација на тутунот. Тутунарите бараат откуп по реални цени, во спротивно се заканија дека ќе ја блокираат цела држава.

Да се постигне минимум цена од 180 до 200 денари. Нашите барање ќе се остварат ако се укине таа четврат класа и реално да се проценат горните берби, рече Флоре Грујевски, тутунопроизводител од Могила.

 

Нам ни е сеедно дали ќе умреме од настинка, корона или глад. Ако е потребно до следната Нова Година ќе блокираме, ќе ја блокираме цела држава. Има светот  да се чуди со блокада, се додека не го псотигнеме она што го бараме-услови за достоинствен живот за сите овде што ги гледате, вели Васко Јосифовски, тутунопроивозител од с.Трновци.

Тутунопроизводителите бараат дражавата да најде механзми за да  гарантира дека откупните компании ќе ги почитуваат нивните барања.

Веднаш под итно да дадат гаранции за тоа што го бараме, да гарантираат откупувачите кон дражавата, оти ова ќе се претвори во анархија, во собири, ширење ковид кластери. Луѓето немаат каде нема да се повлечат. Да не дојде до тоа, итно дражвата да си најде механзиам да го спречи овој грабеж што им се случува на тутунопроизводителите и веднаш да го реши проблемот, вели Игор Мирчевски од Иницијативниот одбор на група македонски тутунари.

Тутнопоризводителите сионоќа во Прилеп се сретнаа со министерот Хоџа кој им го пренесе договореното на средбата со откупувачите. Сепак тие не ја променија одлуката за протести,  но откупот нема да биде прекинат.

Сите десет откупувачи веќе ги отворија  откупните пунктови, но досега предадени се само 3 проценти од годинешната реколта. Најавене е повторна средба в петок, за да се направи пресек на откупените количини и просечната цена.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе