Економија

Протестот на тутунарите во мирување, во петок нова средба со надлежните

Тутунопроизводителите незадоволни од откупната цена , која сега во просек изнесува 165 , од бараните 200 денари по килограм, ги ставија најавените протестите во мирување, по денешната средба со откупувачите и надлежните. Велат, се  договориле до следниот петок да го носат тутунот на откупните пунктови и повторно да се сретнат со надлежните. Ако во меѓувреме забележат дека договорот за откуп според правилникот не се почитува, ќе реагираат уште во текот на работната недела и ќе излезат на протести.

  • Ќе биде флексибилна линијата , на ланското ниво. Ако остане вака, ние им кажавме што ќе се случи. Ќе блокираме сѐ ! Ќе изгубиме и ние , ама ќе изгубат и тие. За да не се случи тоа, да правиме „ Вухан“ во Македонија, нека си ги отворат очите сите институции да помине реколтата како што треба. Ние не бараме ништо туѓо. Нашата мака да се плати , бараме – Игор Мирчески- Иницијативен одбор на незадоволни тутунопроизводители.

Тутунопроизводителите демантираат дека квалитетот на реколтата е послаб, па со тоа и ниската цена што ја постигнуваат кај откупувачите. Бараат контрола на откупните пунктови и да нема ограничувања.

  • Да се врши реална проценка , нема да ги носиме само лошите тутуни , туку тој тутун што вреди според влагата, да не оди намерно за една класа да го намали просекот. И да не не ограничуваат 5 кутии да носиме од дома од долна берба, 10 кутии од средна берба. Тоа да нема. Никогаш немало – Џеват Сали- претседател на здружение на тутуно производители –Општина Студеничани.

Тутунопроизводителите се пожалија и на одбитоците. Се сложиле со надлежните дека тие не смеат да бидат над 5% материјал.

  • Секоја една кутија , која нема да биде реално проценета , да биде тргната настрана. Доколку проценителот не се сложува со проценката, да биде оставена за Второстепена комисија. Доколку одбитокот е поголем од 5% и таа кутија да биде тргната, да не известат нас, вели Менде Стонароски – Овластен за повереници и за следење на откупот.

Барањето на тутунопроизводителите за субвенции до 200 денари не стигнало сеуште до надлежните. А, на средбата не станало збор ни за укинување на четвртата класа тутун, со што неговата цена расте при откупот. Поради досегашните протести на тутунопроизводителите низ државата , до сега е откупена само 1, 6 % од годинашната реколта или 370 тони. Минатата година, ова време беа откупени 40% од реколтата. По состанокот, откупувачите не сакаа да зборуваат за медиумите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе