Историска црква во Долен Менхетен во Њујорк, каде служба одржуваше една од најстарите верски организации во градот, денеска изгоре во пожар што се прошири од зградата до неа.
Пожарникаритре во Њујорк во раните утрински часови се бореа со големиот пожар кој што ја уништи историската црква во Долен Менхетен.
Пожарот започнал во пет часот утрината и од соседната петкатна зграда се проширил кон црквата.
Во црквата се наоѓаше Ѕвоното на слободата кое датира од 1776 година и е симбол на првото јавно читање на Декларацијата за незавосност.
Црквата е изградена во 1892 година, а во неа служба одржуваше една од најстарите верски организации во Њујорк- протестантските доселеници од Холандија кои се доселиле во текот на дваесеттите години на седумнаесеттиот век.